Дописници СветЕвропаЕвропа.Портал

Во ЕП во Стразбур во тек е гласањето за претседател на ЕК – социјалистите,сепак, ќе гласаат за Урсула фон дер Лејен

Во Стразбур во 18 часот и 15 минути почна гласањето за избор на претседател на Европската комисија, функција за која Советот на ЕУ ја предложи Германката Урсула фон дер Лајен, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Стразбур, 16 јули 2019 (МИА) – Во Стразбур во 18 часот и 15 минути почна гласањето за избор на претседател на Европската комисија, функција за која Советот на ЕУ ја предложи Германката Урсула фон дер Лајен, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Непосредно пред гласањето, социјалистите и демократите одлучија да гласаат за Урсула фон дер Лајен за следниот претседател на Комисијата. По интензивниот состанок на групата, мнозинството од европарламентарците од групата се согласија дека писмените обврски на кандидатот за реализација на прогресивните реформи кои ги бара групата, како и натамошните појаснувања дадени од неа во пленарната дебата утрово, значи дека тие ќе ја поддржат.

Претседателот на групата Иратаксе Гарсиа, по состанокот изјави: „Бевме многу скептични кога кандидатот дојде во нашата група минатата недела, но во текот на изминатите денови мораме да признаеме дека таа ги прифати основните барања на нашата група, со конкретни предлози за законодавство. Таа ја признава итната потреба да се соочи со климатските кризи со закон за климатските промени и данок на јаглеродот. Таа вети минимална плата и европска шема за реосигурување на невработеност; фер оданочување за големите технолошки корпорации; флексибилност во Пактот за стабилност и развој и да ги вклучиме целите на одржливиот развој на ОН во европскиот семестар, почитувајќи го нашиот повик за одржливост и социјална правда.

Ако се почитува инструкцијата на оваа група, Урсула фон дер Лајен, би требало уште вечерва да биде избрана за претседател на Европската комисија, со оглед дека ја има поддршката од групата на Народните партии и таа на Обновена Европа. тг/сд/

Back to top button
Close