СветСвет.Портал

Умерен земјотрес регистриран во јужниот дел на Калифорнија

Земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во јужниот дел на американската сојузна држава Калофорнија

Вашингтон, 12 јули 2019 (МИА) – Земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во јужниот дел на американската сојузна држава Калофорнија.

Американската Агенција за геолошки истражувања (УСГС) соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на околу осум километри североисточно од градот Риџкрест во пустината Мохаве.

Земјотресот бил почувствуван и во околината на Лос Анџелес.

Од 4 јули во истата област во Калифорнија регистрирани се два силни земјотреси со интензитет од 6,4 и од 7,1 степени според Рихтер, како и голем број последователни земјотреси. ми/

Таг
Back to top button
Close