СветСвет.Портал

Туниската војска приземји либиски борбен авион

Либиски воен авион кој бил на тренажен лет беше принуден да слета на периферијата на Меденин, град во југоисточниот дел на Тунис.

Тунис, 22 јули 2019 (МИА) – Либиски воен авион кој бил на тренажен лет беше принуден да слета на периферијата на Меденин, град во југоисточниот дел на Тунис.

– Тоа се случи откако го наруши тунискиот воздушен простор, изјави портпаролот на Министерството за одбрана во Тунис, Мохамед Бен Зерки.

Тој рече дека либискиот пилот ги информирал туниските власти дека авионот имал технички проблем, но не соопшти детали. паг/

Таг
Back to top button
Close