ЕвропаЕвропа.Портал

Три големи пожари во Португалија, осуммина повредени

Повеќе од илјада пожарникари учествуваат во гаснење на три големи пожари во централниот дел на Португалија, а властите наложија делумна евакуација на едно село од безбедносни причини.

Лисабон, 21 јули 2019 (МИА) – Повеќе од илјада пожарникари учествуваат во гаснење на три големи пожари во централниот дел на Португалија, а властите наложија делумна евакуација на едно село од безбедносни причини.

Едно лице се здобило со тешки изгореници од прв и втор степен и со хеликоптер веднаш е префрлен в болница во Лисабон. Исто така, повредени се и седум пожарникари.

Гаснењето на огнот го отежнува силниот ветер кој од вчера попладне дува во Кастело Бранко, дистрикт кој е 225 километри оддалечен од Лисабон. Во гаснењето на пожарот на некои локации учествува и војската.

Португалскиот претседател Марсел Ребело де Соуза изјави дека внимателно ја следи ситуацијата.

Во јуни 2017 година во катастрофален пожар во Португалија загинаа 64 луѓе, а беа повредени над 250 лица. гт/

Таг
Back to top button
Close