0_Спорт.ПорталФудбал

Трансферот на Погба зависи од заминувањето на Бејл од Реал Мадрид

Реал Мадрид е подготвен да му понуди на Манчестер јунајтес 150 милиони евра за Пол Погба, доколку англискиот клуб прифати за возврат да го земат Гарет Бејл. Интересот на Реал за Погба не претставува новост и за тоа се зборуваше уште пред тој да дојде во Островот, но досега проблем правеше високата откупна калузула која ја определи Јунајтед

Мадрид, 22 јули 2019 (МИА) – Реал Мадрид е подготвен да му понуди на Манчестер јунајтес 150 милиони евра за Пол Погба, доколку англискиот клуб прифати за возврат да го земат Гарет Бејл.
Интересот на Реал за Погба не претставува новост и за тоа се зборуваше уште пред тој да дојде во Островот, но досега проблем правеше високата откупна калузула која ја определи Јунајтед.

Можноста на заминувањето на Погба од Јунајтед ја најави неговиот менаџер Мино Рајола во неодамнешното интервју каде откри „дека сите клубови знаат дека Пол сака да оди и дека интензивно се работи во таа насока“

А што се однесува до Бејл, Кралскиот клуб ќе стори се што е можно да се ослободи од него, тоа е веќе извесно особено по изјавата на тренерот Зинедин Зидан, кој изјави дека „тој мора да оди од клубот“. Сепак, причина поради која на „Кралевите“ им е тешко да го продадат Бејл се неговите огромни примања – дури 14,5 милиони евра по сезона.

Инаку, Реал овој преоден рок не штедеше во донесување на нови засилување, така го купија Родриго за 45 милиони евра, Менди за 48, Милито за 50, Јовиќ за 60 и Азар за 100 милиони евра, но никој не очекува дека ова е крајот на купувањата на „кралевите“. ем/ми/

Таг
Back to top button
Close