СветСвет.Портал

Трамп прогласи вонредна состојба поради ураганот Бери

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба додека тропската бура Бери се приближува кон Њу Орлеанс, кој е веќе поплавен

Вашингтон, 12 јули 2019 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба додека тропската бура Бери се приближува кон Њу Орлеанс, кој е веќе поплавен.
.
– Бурата вечер или в сабота на утро треба да се претвори во ураган, непосредно пред да стигне до брегот на Лујзијана, објави Националниот центар за урагани.

Трамп апелираше до населението да ги следат препораките на сојузните и локалните власти

– Ве молам бидете подготвени, внимателни и на сигурно, напиша Трамп на Твитер.

Жителите на Њу Орлеанс стравуваат од реприза на 2005 година и ураганот Катрин, при што загинаа 1.577 луѓе во Лујзијана, и 238 во Мисисипи и предизвика голема материјална штета.

Тропската бура, за која се очекува да стане ураган наречен Бери, би можела да удри западно од Њу Орлеанс на реката Мисисипи. Њу Орлеанс е веќе под вода поради поројните дождови претходните денови. Поплавен е и историскиот Француски кварт.
Тексас го подигна степенот на предупредување и подготвува центар за вонредни ситуации.

Превентивно се затворени една третина од постројките за преработка на сурова нафта во Мексиканскиот Залив, а нафтените платформи се евакуирани. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close