БалканБалкан.ПорталДописници Свет

„Топ чанел“: Гласањето за разрешување на претседателот Мета до крајот на месецов

Анкетната комисија, формирана од албанскиот Парламент која ќе ги испитува наводните повреди на Уставот од страна на претседателот Илир Мета, се чини дека нема да чека три месеци, колку што има рок за тоа

Тирана,10 јули 2019 (МИА) – Анкетната комисија, формирана од албанскиот Парламент која ќе ги испитува наводните повреди на Уставот од страна на претседателот Илир Мета, се чини дека нема да чека три месеци, колку што има рок за тоа.

Тиранската телевизија „Топ-ченел“, повикувајќи се на неименувани извори, објави дека владејачкото мнозинство сака да го разреши претседателот Мета до крајот на јули, за што Комисијата веќе работи интензивно.

Последната седница,пред летниот одмор, народните претставници треба да ја одржат на 18 јули, но, тие планираат да одржат вонредна седница на 22 јули, посветена токму на гласањето за разрешување на претседателот по презентирањето на наодите на анкетната комисија.

– Ќе се гласа тајно, а за разрешување на претседателот потребно е да гласаат 94 пратеници. За овој чин без преседан во историјата на Албанија, на социјалистите ќе им бидат потребни и гласовите на новата опозиција, чиј добар дел гласаше за формирање на анкетната комисија. Ако се има во предвид дека Комисијата беше изгласана со 101 глас, што ќе рече дека владејачкото мнозинство оди мирно на седницата за гласање на разрешувањето на Мета, наведува телевизијата.

Иако претседателот Мета би можел до крајот на јули да добие статус разрешен претседател од Парламентот, независно од тоа што се уште има три години од мандатот, сепак крајниот збор ќе го има Уставниот суд.

Инаку, по изгласувањето на комисијата, Мета не даде долг и елабориран коментар, вклучувајќи го и обраќањето на премиерот Еди Рама преполно со обвиненија против Мета, кој е негов коалициски партнер во претходната влада.

Единствената реакција на претседателот беше фотографијата од моментот на давањето заклетва како шеф на албанската држава, пред две години, со коментар„Фото на животот. Албанија пред се “.

Претходно тој неколкупати ја повтори изјавата дека доколку неговото разрешување значи надминување на длабоката политичка криза во земјата тој е подготвен сам да се повлече. Деновиве предложи на 13 октомври за кога ги презакажа локалните избори да се одржат и парламентарни и претседателски избори. вт/ми/

Таг
Back to top button
Close