Дописници МКДОпштински вести

Тетово домаќин на саем на кој се претставија жени занаетчии од Куманово и Гњилање

Жителите на Тетово имаа можност да купат разни ракотворби и јадења карактеристични за Куманово и за Гњилање, Косово, денеска на саем на отворено, а изработени од жените од тие два града, учеснички во двегодишен проект за стекнување занаетски вештини.

Тетово, 11 јули 2019 (МИА) – Жителите на Тетово имаа можност да купат разни ракотворби и јадења карактеристични за Куманово и за Гњилање, Косово, денеска на саем на отворено, а изработени од жените од тие два града, учеснички во двегодишен проект за стекнување занаетски вештини.

„Вмрежување за успех“ е насловен проектот што го спроведуваа граѓанските здруженија „Отворена врата“ од Приштина, Косово и Националниот совет за родова рамноправност со седиште во Скопје.

– Во проектот 75 жени од двете страни или вкупно 150 учествуваа и учеа пет занаети-шиење, везење, обработка на кожа, везење со мунистра, кулинарство и туризам. Веруваме дека во тоа дека на жените им се потребно стекнување вештини за кои ќе добијат сертификати и на тој начин ќе добијат и самовработувања и ќе помогне да се намали сиромаштија кај жените кои во нашата држава и во целиот свет се најголемата популација по сиромаштија, изјави Савка Тодоровска, претседателка на Националниот совет за родова рамноправност.

Проектот трае 20 месеци и на крај обучените жени ќе имаат можност да отворат фирма со социјално претриемништво.

-Во Тетово се присутни по 10 жени од двата града. Целта е да се запознаат и со потенцијални клиенти од овој град и да оставарат соработка со други претриемачи, рече Тодоровска.

Саеми на отворено ќе има и во Скопје на 26-ти јули кога се одбележува и Денот на солидарноста. ас/цр/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close