СветСвет.Портал

Суданскиот воен совет и опозицијата потпишаа договор за поделба на власта

Суданскиот воен совет и Сојузот на опозициските групи денеска потпишаа политички договор за поделба на власта која има за цел да ја воведе оваа африканска земја во демократија, објави суданската државна телевизија.

Картум, 17 јули 2019 (МИА) – Суданскиот воен совет и Сојузот на опозициските групи денеска потпишаа политички договор за поделба на власта која има за цел да ја воведе оваа африканска земја во демократија, објави суданската државна телевизија.

Спогодбата е потпишана во Картум во присуство на посредници на Африканската унија по маратонските разговори околу прецизирањето на деталите за спогодбата во текот на овој месец.

Партиите сé уште работат на уставната декларација, која се очекува да биде потпишана во петок.

Како што пренесуваат светските агенции, договорот ќе доведе до создавање цивилна администрација во земјата.

Војската ја презеде власта во април по соборувањето на долгогодишниот лидер Омар ал Башир. паг/

 

Таг
Back to top button
Close