СветСвет.Портал

Студиото за анимација во Јапонија било запалено поради украдена идеја

Лицето кое го подметна пожарот во студиото за анимација во Кјото, во кој загинаа најмалку 33 лица, рече дека го сторил тоа од одмазда.

Токио, 19 јули 2019 (МИА) – Лицето кое го подметна пожарот во студиото за анимација во Кјото, во кој загинаа најмалку 33 лица, рече дека го сторил тоа од одмазда.

Според 41-годишниот човек, студиото му украло идејата за проект, соопшти полицијата и додаде дека во моментов се уште се разјаснуваат околностите за инцидентот.

Пожарот избувна вчера околу 10 часот и 30 минути по локално време во трикатната зграда на компанијата „Кјото Анимејшн“, која произведува едни од најуспешните телевизиски анимациски серии. јт/

Таг
Back to top button
Close