БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Ставен делумно под контрола пожарот во западниот дел на Атика

Делумно под контрола е ставен пожарот на тревна површина што изби по 13 часот по локално време во Мегара, предградие во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, соопштуваат од грчката противпожарна служба, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 21 јули 2019 (МИА) – Делумно под контрола е ставен пожарот на тревна површина што изби по 13 часот по локално време во Мегара, предградие во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, соопштуваат од грчката противпожарна служба, јави дописничката на МИА од Атина.

Во гаснењето учествуваат 51 пожарникар, 19 возила, членови на специјализираната противпожарна бригада, еден пешадиски тим и два хеликоптера, а генералниот секретар за цивилна заштита, Никос Хардаљас итно замина во предградието кусо откако изби пожарот.

Мегара се наоѓа на околу 50 километри западно од центарот на Атина. ср/гт/

Таг
Back to top button
Close