БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Средба Мицотакис – Дендиас пред посетата на шефот на грчката дипломатија на САД

За претстојната посета и средбите во САД и за резултатите од вчерашниот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ, министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас го информирал грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на нивната денешна средба, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 16 јули 2019 (МИА) – За претстојната посета и средбите во САД и за резултатите од вчерашниот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ, министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас го информирал грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на нивната денешна средба, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштуваат од кабинетот на Мицотакис, Дендиас денес заминува за САД и ќе има средби со неговиот американски колега, Мајк Помпео, со советникот за национална безбедност во Белата куќа, Џон Болтон и со претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот, Нанси Пелоси, „со цел да се прошират стратешките односи Грција-САД”.

Во однос на вчерашниот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ, на средбата Мицотакис-Дендиас било оценето дека е „многу охрабрувачка едногласната и брза реакција на европските партнери во однос на турската провокација”. ср/гт/

Таг
Back to top button
Close