0_Македонија.ПорталДописници МКД

Собрани 38 единици крв во трите крводарителни акции во Тетовско неделава

Во трите крводарителни акции што се организираа во текот на работната недела во Тетовско се собрани 38 единици крв. Акциите се организираа во зградата на Општина Желино во вторникот, каде се собраа 19 единици, во просториите на Служба за трансфузиона медицина во Клиничка болница во Тетово во средата каде се собрани 10 и вчера во училиштето во Слатино каде се собраа девет единици крв.

Тетово, 20 јули 2019 (МИА) – Во трите крводарителни акции што се организираа во текот на работната недела во Тетовско се собрани 38 единици крв. Акциите се организираа во зградата на Општина Желино во вторникот, каде се собраа 19 единици, во просториите на Служба за трансфузиона медицина во Клиничка болница во Тетово во средата каде се собрани 10 и вчера во училиштето во Слатино каде се собраа девет единици крв.

Д-р Самет Адеми од службата за трасфузиологија изјави дека крводарителска акција во лето е потребна бидејќи не работат училиштата и факултетите, а потреба за крв секокаш има.

-За да не дојде со ситуација кога пациентот чека крв, подготвуваме вакви акции и земаме од дарителите. Се прави здравствен преглед и според можностите тие даруваат. Секој кој има волја може да дарува, треба да биде здрав и да нема хронични болести и да не прима лекарств. Дарувањето крв е здравје за самиот дарител, а од друга страна алтруистички-со давање крв се помага онаму каде има потреба. Има доволно крв во моментот, од сите групи, вели д-р Адеми.

Жител на тетовското село Теново со над 140 пати дарување крв е рекордер забележан во Службата за трансфузиона медицина во Тетово.ас/скс/

Back to top button
Close