0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Со 250 фазани збогатен ловниот фонд на „Славишко поле“

Со пуштање млади 250 фазани во ловиштата на Славиште во Општина Ранковце, здружението на ловци „Славишко поле“ изврши збогатување на ловниот фонд на реонот.

Крива Паланка, 20 јули 2019 (МИА) – Со пуштање млади 250 фазани во ловиштата на Славиште во Општина Ранковце, здружението на ловци „Славишко поле“ изврши збогатување на ловниот фонд на реонот.
– Здружението кое стопанисува со овој ловен реон , како и претходните години,така и оваа изврши масовно населување дивеч во своите ловишта, со цел збогатување на фондот и унапредување на ловството. Во периодот од 15 до 18 јули се населени 250 фазани на возраст од три месеци, дел од нив се сопствено производство во репро-центарот на  здружението на ловци „Славишко поле“, дел се од фазанеријата на „Јасен“ во Катланово. Како претходница на населувањето беа организирани хајки за штетен дивеч во месец февруари,со цел да се намали штетниот дивеч и да се заштитат населените фазани, изјави претседателот на ловечкото здружение Влатко Алексовски, кој воедно е и претседател на Ловечката федерација на Северна Македонија.
Населени се фазани во реонот на село Гиновце, кај шумското стопанство, кај месноста Манастирска воденица, во Одрено, во Петралица и останати петнаесетина локации.
Во меѓувреме се врши подготовка за новата ловна сезона за прелетен дивеч која започнува на први август. ид/фф/

Таг
Back to top button
Close