СветСвет.Портал

Снег на плажите во Аргентина

На плажите во јужниот дел на Аргентина, во градот познат под името „градот на крајот од светот“, падна снег.

Ушуаја, 25 јули 2019 (МИА) – На плажите во јужниот дел на Аргентина, во градот познат под името „градот на крајот од светот“, падна снег.

Фотографот Себастијан Инглесес на својот Фејсбук профил објави снимка од невремето во градот Ушуаја.

Ушуаја е главен град на аргентинската провинција Огнена Земја, која го доби името од страна на португалскиот истражувач Фернандо Магелан, а некое време таму престојуваше и познатиот научник Чарлс Дарвин. паг/

 

 

 

Таг
Back to top button
Close