Дописници МКДКултураКултура.Портал

Штипскиот Дом на млади домаќин на три настани во рамки на Штипско културно лето

Штипскиот Дом на млади оваа недела е домаќин на три настани, што се дел од Штипско културно лето (ШКЛ), информираше на прес-конференција директорот на Дом на млади, Горан Трајков. Првиот настан е вечерва и станува збор за самостојна изложба на младиот уметник Марко Вујисиќ од Скопје.

Штип, 17 јули 2019 (МИА) – Штипскиот Дом на млади оваа недела  е домаќин на три настани, што се дел од Штипско културно лето (ШКЛ), информираше на прес-конференција директорот на Дом на млади, Горан Трајков. Првиот настан е вечерва и станува збор за самостојна изложба на младиот уметник Марко Вујисиќ од Скопје.

-Станува збор за млад и талентиран уметник, кој имал самостојни, но и колективни изложби во земјава и странство, веднаш продолжуваме со промоција на стихозбирката „Николци“, која е во соработка со Универзитетската библиотека „Гоце Делчев“. Имаме чест да ги претставиме младите надежни поети, кои учествуваа на конкурсот по повод Светскиот ден на поезијата, вели Трајков.

Последниот настан вечерва на сцената на Дом на млади е настапот на Кавраков џез квартетот. Штипската публика овие настани можат да ги проследат без билети, односно влезот е слободен.

Трајков истакна дека културните настани во рамките на ШКЛ продолжуваат утре со претставата „Моите љубовни јадови“ на Народниот театар „Бора Станкович“ од Врање.

-Интересна комедија, која ја отсликува положбата на жената низ Балканскиот простор, сите кои уживаат во добра комедија да дојдат утревечер во 20 и 30 часот во Дом на млади, вели Трајков.

Третиот настан е во петок и е  театарска претстава „Јас сум петтата сестра“ во режија и адаптација на Симеон Гаврилов, а во неа учествуваат млади актери. вдј/скс/

Back to top button
Close