Дописници МКДОпштество

Штипската градинка „Вера Циривири – Трена“ обезбеди нов инвентар

Штипската градинка „Вера Циривири - Трена“ го поднови инвентарот за децата кои се згрижуваат во сите клонови на оваа градинка, кои се наоѓаат во неколку населби во Штип.

Штип, 17 јули 2019 (МИА) – Штипската градинка „Вера Циривири – Трена“ го поднови инвентарот за децата кои се згрижуваат во сите клонови на оваа градинка, кои се наоѓаат во неколку населби во Штип.

Директорката на штипската градинка „Вера Циривири – Трена“, Софка Атаносова вели дека новиот инвентар е купен со сопствени средства, додека се инвестирани 600.000 денари или околу 10.000 евра.

– Го добивме новиот инвентар, станува збор за 56 анатомски креветчиња, 72 столчиња, 12 масички и седум со форма на цвет, 15 пластични полици за детски играчки, 20 дидактички шкафчиња, коишто ќе бидат распоредени во сите објекти, а во клонот „Разгиворче“ во населбата Автокоманда имаме и набавено шкафчиња гардеробери за дечињата, вели Атанасова.

Новиот инвентар ќе биде ставен во функција од 1 септември, бидејќи градинката во текот на летниот период има и тековни активности, како што е и бојадисувањето на објектите.

Атанасова информира дека досега во оваа градинка се пријавени над 150 дечиња, кои првпат ќе бидат згрижени во еден од објектите. Таа смета дека бројката е задоволителна, а конечниот број на запишани деца, кои првпат ќе влезат во детска градинка ќе го соопштат по 20 август. вдј/фф/

Back to top button
Close