Дописници МКДОпштински вести

Штип доби дополнителни средства за изградба на патот до селото Почивало

Општина Штип обезбеди дополнителни 5,6 милиони денари за доизградба на локалниот пат Шашаварлија-Кошево-Почивало, најави штипскиот градоначалник Благој Бочварски на денешната прес-конференција, истакнувајќи дека овие нови средства пристигнуваат од Министерството за локална самоуправа и Бирото за рамномерен регионален развој, а договорот веќе е и потпишан.

Штип, 19 јули 2019 (МИА) – Општина Штип обезбеди дополнителни 5,6 милиони денари за доизградба на локалниот пат Шашаварлија-Кошево-Почивало, најави штипскиот градоначалник Благој Бочварски на денешната прес-конференција, истакнувајќи дека овие нови средства пристигнуваат од Министерството за локална самоуправа и Бирото за рамномерен регионален развој, а договорот веќе е и потпишан.

– Можам да кажам дека на овој повик успеавме да добиеме средства за да изреализираме уште 3.500 квадратни метри нова асфалтна површина со вредност од 5,6 милиони денари ,од кои еден дел ќе биде кофинансиран од страна на Општина Штип, а дел ќе биде поддршка од страна на централната власт, рече Бочварски.

Тој потенцира дека претходно Општина Штип од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство добило средства за 14.000 квадратни метри, исто така, асфалтна површина на овој многу важен локален пат. Вкупната вредност на средства за овие две делници, едната од Бирото за рамномерен и регионален развој, втората од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство се 29.000.000 милиони денари или некаде околу 500.000 евра.

Селото Почивало е најодалечено населено место од градот Штип, а во текот на зимскиот период жителите имаат проблеми со дотура на храна, бидејќи дел од овој пат е земјен. вдј/мс/

Back to top button
Close