0_Спорт.ПорталSport.SlajderРакомет

Северна Македонија заврши шеста на ЕХФ-шампионатот

На ЕХФ-шампионатот нашата младинска репрезентација забележа 2 победи и 3 порази, откако беа совладани Грузија и Косово, а против Литванија, Фарски Острови и Швајцарија доживеавме порази

Лиепаја, 21 јули 2019 (МИА) – Женската младинска репрезентација на Северна Македонија денеска доживеа пораз од Фарски Острови со 30-28 (16-10) на последниот меч од ЕХФ-шампионатот кој се одржува во Литванија.

Репрезентативките до 19 години одиграа слаб натпревар и со третиот пораз на пет одиграни натпревари го освоија шестото место на турнирот.

Јанкулоска и Смајлоска со по 5 погоци беа најефикасни за „жолто-црвените“.

На ЕХФ-шампионатот нашата младинска репрезентација забележа 2 победи и 3 порази, откако беа совладани Грузија и Косово, а против Литванија, Фарски Острови и Швајцарија доживеавме порази. вз

Таг
Back to top button
Close