0_Македонија.ПорталПолитика

Седници на пет собраниски комисии

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за Деловнички и мандатно-имунитетни прашања, за Земјоделство, шумарство и водостопанство, за Надворешна политика, за Економски прашања и Законодавно-правната комисија.

Скопје, 23 јули 2019 (МИА) – Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за Деловнички и мандатно-имунитетни прашања, за Земјоделство, шумарство и водостопанство, за Надворешна политика, за Економски прашања и Законодавно-правната комисија.

Единствена точка на дневниот ред на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања е Извештајот на Државната изборна комисија за преземените работи согласно член 153 од Изборниот законик, за прифаќање на остатокот на мандатот за пратеник во Собранието на Република Северна Македонија.

Членовите на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе ги разгледаат  Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште во второ читање и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во прво читање.

На седницата на Комисијата за надворешна политика ќе бидат разгледани предлог законите за ратификација на Спогодбата меѓу Република Северна Македонија и Република Грција за отворање нов граничен премин меѓу двете земји кој ќе ги поврзува Мајден во Република Северна Македонија и Промахoи во Република Грција, на Спогодба меѓу Република Северна Македонија и Република Грција за отворање на еден граничен премин во Регионот на Преспанското Езеро, и на Амандманот од Доха на Протоколот од Кјото кон Рамковната Конвенција на Обединетите Нации за климатски промени.

Пратениците од Комисијата за економски прашања ќе го разгледаат  Извештајот на Законодавно-правната комисија по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за возила во во второ читање.

Законодавно-правната комисија, пак, ќе ја утврди законитоста на поднесените решенија на останатите четири собраниски комисии. вј/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close