Дописници МКДОпштински вести

Се санира патот Кичево – Осломеј по две години чекање

По две години чекање се санира патниот правец Кичево- Осломеј, кој беше оштетен за време на пролетните врнежи, а сообраќајот се одвиваше само по една коловозна лента. Средсвата за санација на 100-те метри оштетен пат ги обезбедени РЕК Осломеј, информира директорот на комбинатот, Ќерим Халили.

Кичево, 10 јули 2019 (МИА) – По две години чекање се санира патниот правец Кичево- Осломеј, кој беше оштетен за време на пролетните врнежи, а сообраќајот се одвиваше само по една коловозна лента. Средсвата за санација на 100-те метри оштетен пат ги обезбедени РЕК Осломеј, информира директорот на комбинатот, Ќерим Халили.
Оштетувањето на патот Кичево- Осломеј, претставува голем проблем, особено во летниот период, кога  печалбарите се враќаат во своите родни огништа, со што бројот на возила двојно се зголемува.
Портпаролот на општина Кичево, Емин Насуфи вели дека тој патен правец не е во надлежност на локалната власт и тоа треба да го санира ЈП „Македонија пат” .
-Не знам од кои причини не е интервенирано досега, вели Насуфи.
Санација на патниот правец Кичево – Осломеј, особено ги радува кичевчани, кои чекаа две години патот да биде поправен. Патот го користат неколку илјади жители или околу една третина од вкупниот број на жители на Кичево. Него го користи и РЕК “Осломеј”, кој со неговата тешка механизација придонесува за оштетувањето на оваа патна делница. рз/ир

Таг
Back to top button
Close