Политички партии

СДСМ: Покажуваме дека борбата против криминалот не познава партиска припадност

СДСМ покажа дека борбата против криминалот не познава партиска припадност, Мицкоски не може да го одбрани криминалот

21 јули 2019

Реакција на прес-конференција на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ покажа дека борбата против криминалот не познава партиска припадност, Мицкоски не може да го одбрани криминалот

Единствениот криминален октопод е раководен од Будимпешта а ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се неговите пипциЕдинствениот криминален октопод е раководен од Будимпешта а негова единствена цел е одбрана на криминалот на Никола Груевски и фамилијата.Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се само пипците на тој октопод раководен од Груевски.

Како и многупати досега, од скапоцениот дворец на ВМРО-ДПМНЕ излегуваат само лажни вести, измислици и очајни обиди да се одбрани криминалот на Груевски и неговите соработници.

СДСМ покажува дека за нас борбата против криминалот не познава партиска припадност. Доказ за тоа е новиот предложен текст на Законот за Јавно Обвинителство кој наскоро влегува во собраниска процедура. Од друга страна, Мицкоски побегна од лидерската средба и застана против правдата и одговорноста. Мицкоски повторно не успеа да го одбрани криминалот на неговиот ментор Груевски. Сите случаи кои се пред судовите а за кои е надлежно Специјалното јавно обвинителство, ќе продолжат, нив ќе ги застапува новото Јавно обвинителство. Одговорност за сите овие предмети ќе има, колку тоа да не им се допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

Центар за комуникации

Социјалдемократски сојуз на Македонија

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Back to top button
Close