Политички партии

СДСМ: Неприфаќањето на предлогот Рускоска да го води ЈО е алиби на Мицкоски за неприфаќање на новиот предлог закон

Зад наводното неприфаќање обвинителката Рускоска да продолжи да го води Јавното обвинителство се крие само уште едно алиби на ВМРО-ДПМНЕ за неприфаќање на новиот предлог закон.

Скопје, 21 јули 2019

Зад наводното неприфаќање обвинителката Рускоска да продолжи да го води Јавното обвинителство се крие само уште едно алиби на ВМРО-ДПМНЕ за неприфаќање на новиот предлог закон.

Единствената цел на Христијан Мицкоски е да го брани криминалот на Никола Груевски.

Во амандманите што ВМРО-ДПМНЕ ги имаше дадено на претходниот текст на Законот за јавно обвинителство во работните групи предлагаа спојување на СЈО во ОЈО.

Во ниту еден амандман не се бараше прекин на мандатот на обвинителката Рускоска, односно, како што е и со сегашниот предлог, да продолжи да ја врши функцијата.

Тоа што не им сметало сега одеднаш им смета, со што се потврдува дека само бараат алиби за неприфаќање на законското решение.

Јавноста знае дека обивнителите ги бира Советот на јавни обвинители. Предлог законот предвидува спојување и оттука логично е мандатот да го продолжи обвинителката којашто веќе ја извршува оваа функција.

Јасно е, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го бранат криминалот а СДСМ бескомпромисно се бори против криминалот и корупцијата.

Христијан Мицкоски побегна од лидерска средба но од правдата нема бегање.

Секој што го прекршил законот ќе се соочи со правдата.

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

_______________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close