СветСвет.Портал

САД ги зајакнаа воздушните патроли над Ормускиот Проток

Централната команда на американската војска соопшти дека силите на САД ги зајакнале воздушните патроли над Ормускиот Проток, како одговор на иранската заплена на британскиот танкер со нафта.

Вашингтон, 20 јули 2019 (МИА) – Централната команда на американската војска соопшти дека силите на САД ги зајакнале воздушните патроли над Ормускиот Проток, како одговор на иранската заплена на британскиот танкер со нафта.

Портпаролот потполковник Ерл Браун изјави дека помал број дополнителни патролни летала се движат низ меѓународниот воздушен простор и ја надгледуваат ситуацијата.

Браун додава дека морското крило на Централната команда е во контакт со американските бродови кои оперираат во тоа подрачје, за да се гарантира нивната безбедност.

Британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант истакна претходно дека Лондон ќе одговори на одмерен, но силен начин откако иранската Револуционерна гарда заплени британски танкер во Ормускиот Проток.

Хант, исто така, предупреди дека Техеран ќе биде најголем губитник доколку биде ограничена слободата на пловидба и затоа е во интерес на Иран колку е можно побрзо да ја реши ситуацијата.

Шефот на британската дипломатија потврди дека за настанатата ситуација разговарал со државниот секретар на САД Мајк Помпео, а очекува да разговара и со иранскиот министер за надворешни работи Мухамед Џавад Зариф. гт/

Таг
Back to top button
Close