0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталВидео изјаваПолитика

Рикер му кажа на Мицкоски дека очекува конструктивност за законот за јавно обвинителство

Имавме искрен и отворен разговор со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски и со претставници на партијата во кој ги повторив истите пораки како и утрово. Се надевам на позитивен исчекор кога станува збор за владеењето на правото, СЈО и за Јавното обвинителство, бидејќи тоа е многу важно за европската перспектива на Северна Македонија, изјави вршителот на должност помошник државен секретар на САД Филип Рикер по едночасовната средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ одржана во седиштето на партијата.

Скопје, 26 јули 2019 (МИА) – Имавме искрен и отворен разговор со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски и со претставници на партијата во кој ги повторив истите пораки како и утрово. Се надевам на позитивен исчекор кога станува збор за владеењето на правото, СЈО и за Јавното обвинителство, бидејќи тоа е многу важно за европската перспектива на Северна Македонија, изјави вршителот на должност помошник државен секретар на САД Филип Рикер по едночасовната средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ одржана во седиштето на партијата.

-САД ќе продолжат силно да ја поддржуваат Северна Македонија во отворањето пристапни преговори со ЕУ. Ние ќе продолжиме да ве поддржуваме, но останува на политичките чинители во земјава да постапат правилно, да не играат игри, конструктивно да соработуваат заради иднината на земјата, додаде Рикер.

На агендата на високиот американски дипломат со претседателот на Собранието Талат Џафери, по што е предвидена и средба со пратениците од Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“.

Последна според најавите е средбата со претседателот на државата Стево Пендаровски.

Претходно Рикер имаше средби со премиерот Зоран Заев и шефот на дипломатијата Никола Димитров, а се сретна и со лидерот на ДУИ Али Ахметив во седиштето на партијата во Тетово. вг/са/

Изјава на Рикер по средбата со Мицкоски

Posted by MИА.mk on Петок, 26 јули 2019

Back to top button
Close