0_Спорт.ПорталОпштински вестиОстанатоСкопје

Ридско-брзинска трка викендов на Водно

На Водно претојниов викенд ќе биде одржан Меѓународниот ридски натпревар во автомобилизам кој се бодува за FIA CENTRAL EUROPEAN ZONE, Шампионатот на Северна Македонија и за Шампионатот на Србија, соопшти организаторот АКК „КАСТУМ КАР РЕИСИНГ ТИМ“ – Скопје.

Скопје, 17 јули 2019 (МИА) – На Водно претојниов викенд ќе биде одржан Меѓународниот ридски натпревар во автомобилизам кој се бодува за FIA CENTRAL EUROPEAN ZONE, Шампионатот на Северна Македонија и за Шампионатот на Србија, соопшти организаторот АКК „КАСТУМ КАР РЕИСИНГ ТИМ“ – Скопје.

В сабота, 20.07.2019, со почеток во 12:00 часот ќе биде одржан неофицијалниот и официјалниот тренинг, а патеката ќе биде затворена за секаков вид на сообраќај од 9:00 до 17:00 часот.

В недела, 21.07.2019 година, од 12:00 часот ќе се одржи натпреварот (прва и втора трка). Патеката ќе биде затворен за секаков вид на сообраќај од 9:00 се до 17:00 часот.

Од 9:00 до 17:00 часот абрана за сообраќај ќе има и на потегот од ул. „Тасино чешмиче“ до хотел „Средно Водно“ и обратно.

Патеката  се наоѓа на патниот правец со старт од кај стар хотел „Водно“ и цел на 3.500 метри кон Средно Водно, која е приспособена за ваков вид на натпревари.

Патеката е долга 3.500 метри и со широчина од околу шест метри.

Организаторите апелираат до граѓаните на Скопје на разбирање и поддршка за успешно одржување на трката.са/дма/

Back to top button
Close