Дописници МКДОпштински вести

Реконструирана кујната на градинката „Росица“, објект „Детелинка“

Општина Ѓорче Петров денеска соопшти дека во рекордно време е реконструирана кујната во градинката „Росица“, објект „Детелинка“. 

Скопје, 11 јули 2019 (МИА) – Општина Ѓорче Петров денеска соопшти дека во рекордно време е реконструирана кујната во градинката „Росица“, објект „Детелинка“.

Како што се посочува во информацијата од Општината, за десетина дена комплетно е реновирана четиридецениската кујна во објектот „Детлинка”.

– По вонредната дезинфекција, дезинсекција и дератизација таа е пуштена во употреба а клонот доби современа кујна, по сите нормативи и стандарди, се посочува во соопштението.

Инвестицијата чини околу 600.000 денари.

Општината соошти и дека истовремено, завршила и варосувањето на внатрешноста на објектот „Пампурче“ на градинката во населбата Даме Груев, по што ќе следи дезинфекција на целиот објект. ев/сп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close