0_Спорт.ПорталОстанато

Ред Бул ги урна сите брзински рекорди на Ф1 трката во Силверстон

Тимот на Ред Бул ги урна сите рекорди на Формула 1 на минатата трка на патеката Силверстон, во Велика Британија.

Лондон, 17 јули 2019 (МИА) – Тимот на Ред Бул ги урна сите рекорди на Формула 1 на минатата трка на патеката Силверстон, во Велика Британија.

Иако трката ќе биде запаметена под сударот меѓу Макс Верстапен и Себастијан Фетел, вистинските херои се механичарите на Ред Бул.

Тие во 14-от круг од трката поставија нов рекорд на Формула 1, според времето кое нивниот болид го помина во боксот.

Тимот на Ред Бул успеал на болидот на Марк Верстапен да му ги промени сите четири гуми за рекордно брзо време од 1 секунда и 91 стотинки, со што го урнаа рекордот поставен пред неколку сезони. ем/сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close