Дописници МКДОпштински вести

Работилница за лековити билки и шумска флора во Крива Паланка

Жителите на општина Крива Паланка и околината се запознаа со можностите за обезбедување финансиски средства од берба и користење на шумски плодови, лековити билки и нивна обработка.

Крива Паланка, 15 јули 2019 ( МИА) – Жителите на општина Крива Паланка и околината се запознаа со можностите за обезбедување финансиски средства од берба и користење на шумски плодови, лековити билки и нивна обработка.

Едукативната работилница ја организираше здружението „Агропаланчанка“ од градот како дел од проектот „Селските собори како алатка за социјална инклузија на руралното население“.

-Ова е прв од низата настани кои се реализирааат во вид на работилници и обуки во рамки на проектот. Присутните се запознаа со темата „Дивата овошна флора и лековитите билки во функција на извор на приходи и извор на еколошка храна – правилна берба и правилна преработка“, а едукатор и предавач беше д-р Љубица Каракашова, професор на Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ – Скопје.

Присутните добија подетални информации за нивните конкретни теми на интерес и им беше доделена едукативна брошура, информираат од „Агропаланчанка”.

Едукативнатата брошура и претставената видео- презентација се достапни бесплатно во библиотеката на здружението за сите заинтересирани граѓани.

Проектот „Селските собори како алатка за социјална инклузија на руралното население” е финансиски поддржан од буџетот на оштина Крива Паланка преку Програмата за поддршка на здуженија и фондации за 2019 година. иб/ир

Таг
Back to top button
Close