0_Спорт.ПорталОстанато

Прост: Грешките на Фетел можеби се должат од недостаток на мотивација

Последниот инцидент се случи за време на Големата награда на Велика Британија, кога тој го удри во задниот дел Макс Верстапен од Ред Бул.

Маранело, 20 јули 2019 (МИА) – Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Ален Прост го даде своето мислење за сегашната форма на Себастијан Фетел и серијата грешки што пилотот ги дозволи.

Последниот инцидент се случи за време на Големата награда на Велика Британија, кога тој го удри во задниот дел Макс Верстапен од Ред Бул.

– Фетел погрешно ја процени ситуацијата и гледаме дека Себастијан не е во најдобра форма во овој момент, и овој маневар беше доста комплициран за да се заврши. Можно е однесувањето на Фетел да се должи на губење на концентрација, мотивација и објективна проценка на ситуацијата. Тој не се претставува добро, рече Французинот.

Во генералниот пласман, Фетел заостанува 100 поени од Луис Хамилтон, кој има 223 поени.вз

Таг
Back to top button
Close