Избрано

Пристигнува С-400 и тешки времиња за турската надворешна политика

Руските транспортни авиони пред четири дена го испорачаа првиот дел од компонентите за системот за противвоздушна одбрана С-400 EPA за  Турција

16 јули 2019 (МИА)

Димитар Бечев, Ал Џезаира 

Руските транспортни авиони пред четири дена го испорачаа првиот дел од компонентите за системот за противвоздушна одбрана С-400 EPA за  Турција

Датумот 12 јули 2019 година најверојатно ќе остане во аналите на турската дипломатска историја. Тоа утро, два руски транспортни авиони го испорачаа првиот дел од компонентите за системот за противвоздушна одбрана С-400 на пистата на аеродромот „Украден” на периферијата на Анкара. Обезбедена од Русија, и покрај острото противење на САД, оваа испорака ги зајакнува безбедносните и одбранбените врски меѓу Москва и Анкара. Таа, исто така, го привлекува ризикот од санкции против Турција, клучен сојузник на НАТО и долгогодишен партнер на САД на Блискиот Исток, Црното Море и Југоисточна Европа. Анкара се соочува со вистинска закана да биде исфрлена од меѓународниот конзорциум што стои зад авионите Ф-35, напредниот борбен авион што треба да обезбеди голем дел од американската воена моќ во наредните децении.

Турските компании од одбранбениот сектор, исто така, се изложени на ризик да бидат казнети, врз основа на Законот за спротивставување на американските непријатели  преку санкциите (CAATSA). Донесен во Конгресот пред две години со двопартиска поддршка, овој закон претставува основа за казнување на земјите што ќе се впуштат во одбранбени договори со Русија, Иран и Северна Кореја. Во најострата форма, санкциите можат да му земат данок на сèпослабиот турски финансиски систем, исклучувајќи го од американскиот и меѓународните пазари на капитал. Покрај тоа, тие симболично ќе ја деградираат Турција, од сојузник до партнер на држави што САД ги сметаат за измамници.

Стравот во Вашингтон дека Турција би можела да ја промени страната, не е целосно неоснован. Поставувањето на системот С-400, најнапредниот московски анти-ракетен систем, дизајниран да ги држи САД и неговите сојузници под контрола, ќе доведе до собирање и префрлање на чувствителни податоци на Русите. Кршењето на технологијата на невидливост на Ф-35 ќе ги лиши САД и нејзините најблиски партнери – Израел, Јапонија, Јужна Кореја, Австралија, Канада, Велика Британија … – од стратешката предност што ја имаат над непријателите. Повторените уверувања на Турција дека ќе управуваат со овој ракетен систем потпирајќи се на сопствениот софтвер, воен и технички персонал, досега не успеаја да убедат многу луѓе во Пентагон.

Анкара како самостоен играч

Проценката дека Турција сега реално е споена со Русија во стратешките термини не е оправдана. Геополитичката визија на Анкара останува непроменета. Турското раководство, претседателот Реџеп Тајип Ердоган и неговата политичка елита, веруваат во својата држава како самостоен играч, што користи врски и со Западот и со Русија во своја полза. Турција ја прифати Русија најмногу поради нејзината интервенција во Сирија. Американската поддршка за курдската полиција на североистокот од Сирија го поттикна Ердоган да бара поблиски врски и со рускиот претседател Владимир Путин и со Иранците.

Сомнежите во американскиот став за обидот за државен удар од 15 јули 2016 година придонесоа за зајакнување на врските со Русија. Коментаторите ја поврзуваат цврстата решителност на Ердоган да го види договорот С-400 како обид да се гарантира безбедноста на владата во случај на уште еден државен удар. Како што се чини, базата Муртед (Акинци) послужи како основа за лансирање на нападите против Големото народно собрание и Националната разузнавачка служба – МИТ од пилотите пучисти пред три години.

Но, тоа е само дел од приказната. Турција и Русија не се согласуваат околу голем број прашања. Во Сирија, на пример, бунтовниците кои се вооружуваат од Турција во Идлиб неодамна го попречија нападот на силите на Башар ал Асад со поддршка на руските воздухопловни сили. Додека се распаѓа руско-турскиот договор за Идлиб, што беше постигнат преку процесот во Астана, Анкара одлучи да ги покаже забите. Втор пример е сигурното проширување на НАТО. Оваа недела, турскиот Парламент го ратификуваше протоколот за пристап на Северна Македонија. Во изминатата година, оваа мала балканска република беше цел на кампањата, со поддршка од Москва, против членството во НАТО, што беше предводена од домашни медијатори и про-Кремљ медиуми. Турција, исто така, придонесува за проекцијата на силите на Црното Море на Атлантскиот совет, чија цел е балансирање на руската експанзија. Нејзината морнарица годинава учествуваше во вежбата “Морски ветер“, што вклучува 19 држави, меѓу кои и САД, членки на НАТО, Украина и Грузија. Накусо, Турција соработува и се оградува од Русите.

Одржување деликатна рамнотежа

Желбата на Ердоган да игра на двете страни и не е некој проблем за Русија. Јазот меѓу Турција и САД е доволна геополитичка награда. Тензиите сигурно ќе се зголемуваат во наредните денови и недели. Турскиот претседател се надеваше дека ќе постигне компромис, разговарајќи директно со американскиот претседател Доналд Трамп. Последниот пат кога двајцата се појавија заедно, за време на самитот на Г20 во Осака, Јапонија, меѓу нив имаше позитивна енергија. Трамп покажа разбирање за турскиот став. За купувањето на системот С-400 тој ја обвини администрацијата на неговиот претходник Барак Обама која не сакала да му го продаде ракетниот систем Патриот. Наспроти тоа, во минатиот декември Стејт департментот одобри понуда за испорака на ракетите Патриот вредна 3,5 милијарди долари. Дури и доколку турската Влада не го смени мислењето, oткажувајќи се од системот С-400 во корист на американските ракети, администрацијата на Трамп има добра приказна за испорака затоа што зазема поблаг пристап кон Ердоган. Турција се надева дека Белата куќа може да интервенира, да суспендира, па дури и да се откаже од санцкии користејќи го својот авторитет загарантиран со CAATSA.

Времето ќе покаже дали сето ова ќе се одвива на начин што Анкара го посакува. Прашањето како да и се одговори на Турција може да стане  уште едно бојно поле во американската домашна политика. Конгресот веројатно ќе се спротивстави на обидот на админстрацијата на Трамп за поправање на работите. Веќе е инициран предлог законот за тоа Турција да биде надвор од конзорциумот за Ф-35. Нема да биде изненадување доколку значаен број републиканци во Сенатот се разијдат со претседателот. И внатре во админстрацијата ќе има притисок за остар одговор кон Ердоган. Годините на изразување разлики во билатералните односи Анкара ја оставија со малку пријатели во коридорите на моќта во американската престолнина. Соочен со внатрешен бунт, Трамп, нестабилен каков што е, може на крајот и да го смени ставот во врска со Турција.

Турција долго успеваше да оддржи деликатна рамнотежа. Негуваше дипломатски, безбедносни и економски односи со Русија на Путин, додека го чуваше своето место во Западниот сојуз. Големиот раскол со САД е веќе се гледа. Бидејќи компромисот станува се понефатлив, тоа може да има долгорочни последици врз турската надворешна политика и нејзината улога во меѓународните односи. сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close