0_Македонија.ПорталЛинк во живоПолитика

Прес-конференција на премиерот Заев за откажаната лидерска средба (во живо)

Премиерот Зоран Заев одржува прес-конференција во Владата во врска со откажаната лидерска средба.

Скопје, 19 ули 2019 (МИА) – Премиерот Зоран Заев одржува прес-конференција во Владата во врска со откажаната лидерска средба.

На лидерската средба што ја предложи Заев беа номинирани три главни теми – законот за јавното обвинителство, пописот и измените на Изборниот законик, со можност да се дискутира и за други прашања.

Поканата за лидерска ја прифатија претседателите на ДУИ и на Алијансата за Албанците, Али Ахмети и Зијадин Села, но лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одби да дојде со образложение дека би присуствувал само ако се разговара за предвремени парламентарни избори.

Од Владата денеска соопштија дека лидерската се откажува, а ставот на Мицкоски тоа го оценија како „ултиматуми од неодговорниот партиски претседател на ВМРО-ДПМНЕ кој заштитата на криминалот и заложбата за блокади и изолации ги става пред државните интереси за напредок на нашата земја“.

 

Back to top button
Close