Kultura.SlajderКултураКултура.Портал

„Преобоени фотографии“ – изложба за селскиот живот во 20 век

„Преобоени фотографии“ е насловена изложбата која вечер од 20 часот ќе биде отворена во Музеј на Република Северна Македонија. Ќе бидат претставени десет слики на кои е прикажан секојдневниот селски живот во минатиот век, изработени во комбинација од акрил, сува пастел, маркери и туш.

Скопје, 20 јули 2019 (МИА) – „Преобоени фотографии“ е насловена изложбата која вечер од 20 часот ќе биде отворена во Музеј на Република Северна Македонија. Ќе бидат претставени десет слики на кои е прикажан секојдневниот селски живот во минатиот век, изработени во комбинација од акрил, сува пастел, маркери и туш.

– Целта на оваа серија слики е да им даде нова димензија на старите црно-бели фотографии кои се наоѓаат во колекцијата на нашиот Музеј, но и да ги потсети посетителите на длабокото народно богатство на селскиот живот во Македонија кое е зачувано преку фотографиите на Благоја Дрнков, соопшти организаторот.

Автор на изложбата е етнологот Владимир Благојевиќ, водич-едукатор кој покрај работата во едукативниот центар во етнолошкиот дел на Музејот има бројни самостојни претставувања и учества на групни изложби, а исто така е и автор на стрипови. хс/скс/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close