0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Предлог-разрешувањата и именувањата на нови директори пред Владата

Владата на денешната седница со која претседаваше премиерот Зоран Заев, донесе одлука со која се предлага на Владата да разреши, отповика или да препорача разрешување, односно отповикување директори на јавни претпријатија и установи, на акционерски друштва во државна сопственост, на совети и на управи.

Скопје, 17 јули 2019 (МИА) – Владата на денешната седница со која претседаваше премиерот Зоран Заев, донесе одлука со која се предлага на Владата да разреши, отповика или да препорача разрешување, односно отповикување директори на јавни претпријатија и установи, на акционерски друштва во државна сопственост, на совети и на управи.

На седницата, како што соопшти владината прес-служба, Владата донесе одлуки и за препораки до управни и надзорни одбори за избори на нови членови. На Надзорниот одбор на АД Електрани на Северна Македонија му е препорачано Васко Ковачевски да биде избран за Член на Управниот одбор, кој ја извршува функцијата генерален директор.

Владата на Надзорниот одбор на Акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација (М – Нав) АД Скопје, за член на Управниот одбор да го избере Александар Палчевски, на претставникот на акциите и на уделите во сопственост на Владата во АД „11 октомври – Еурокомпозит“, му препорача да го отповика Златко Граороски од должноста прв извршен член на Одборот на директори и генерален директор, и на тоа место да го именува Милан Тоцев.

За член на Инспекцискиот совет денеска е именуван Керамедин Селими, откако на денешната седница беше разрешен од оваа должност Горан Симоновски.

МИА ги пренесува во целост Листата за разрешувања во надлежност на Владата на РСМ и Листата за разрешувања на членови на управни и на надзорни одбори, за кои Владата дава препораки.

Листа за разрешувања во надлежност на Владата на РСМ:

– Агенција за катастар на недвижности – член на УО Ивица Михајлоски

– Друштво фабрика за шински возила Велес ДООЕЛ Велес – член на НО Меџат Муртезани

– ЈЗУ Здравствен дом Русе Бошковски – Ростуше – член на УО Дoста Тортевска

– ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – член на НО Живка Иванова

– Фонд за иновации и технолошки развој член на УО Дафина Гешоска

– ЈЗУ Здравствен дом Вевчани – член на УО Виолета Баткоска

– ЈЗУ Здравствен дом Демир Хисар – член на УО Зоран Котевски

– ЈЗУ Општа болница Велес – член на УО Филип Зафиров

– ЈЗУ Општа болница Охрид – член на УО Катерина Лазороска Јанческа

– Агенција за катастар на недвижности – член на УО Берат Бајрами

– Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на РСМ – член на УО Верда Фазлиова

– АД за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија во државна сопственост – независен член на одбор на директори Садудин Ибраими

– ЈЗУ Универзитетска клиника за кардиологија – член на УО Валдет Велиу

– ЈЗУ Универзитетски институт за радиологија – член на УО Авни Елези

– ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар Свети Пантелејмон Скопје – член на УО Ајсел Илјази

– ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – член на УО Атула Ибраими

– ЈП за стопанисување со државните шуми НАЦИОНАЛНИ ШУМИ Скопје – член на УО Мегди Ајдари

– ЈЗУ Центар за јавно здравје Струмица – член на УО Ристо Ангелов

– ЈП за водостопанство Лисиче Велес – член на УО Илија Патриков

– ЈП Службен весник на РСМ – член на НО – Јане Стојанов

– ЈЗУ Здравствен дом Струмица – член на УО Никола Тауков

– ЈЗУ Општа болница Струмица – член на УО Живорад Ќурчиев

– ЈУ за деца детско одморалиште Илинден – Гостивар – член на УО Хасип Беќири

– ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Гостивар – член на НО Шевал Нухиу

– Национална комисија за учебници – член Исак Алили

– ЈУ од областа на здравството за потребите на јавните установи универзитетски клиники завод и ургентен центар Скопје – член на УО Алмир Мухареми

– Претседател на совет на институт за акредитација на РСМ – Сумеје Селам

– Член на УО на Фонд за пензиско и инвалидско осигурување на РСМ – Нусри Нуредини

– Акционерско друштво Водостопанство на РСМ во државна сопственост – член на НО -Зунет Јусуфи

– ЈНУ Институт за национална историја- Скопје – член на совет – Енес Селам

Листа за разрешувања на членови на Управни и на Надзорни одбори, за кои Владата дава препораки:

– Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта, „Македонија пат – Скопје“ – директор Гајур Кадриу

– ЈЗУ Здравствен Дом – Скопје – директор Злате Мехмедовиќ

– АД МЕПСО -директор и претседател на УО, Сашо Василевски

– АД МЕПСО – член на УО, Магдалена Чижбановска

– АД МЕПСО – член на УО, Ненад Крстевски

– АД МЕПСО – член на УО, Томи Божиновски

– ЈЗУ ГАК – економски директор Ваљон Беља

– Агенција за лекови и медицински средства, МАЛМЕД – в.д. директор Ќахил Ибраими

– Државен инспекторат за земјоделство – в.д. директор Благој Индов

– Државен Архив на Република Северна Македонија – директор Кирил Петров

– ЈЗУ УК за детски болести – Скопје, директор д-р Катерина Ставриќ

– Развојна банка на РСМ – член на Надзорниот одбор и в.д директор Кирил Колемишевски

– Еурокомпозит – генерален директор Златко Граороски

– НУ Драмски театар Скопје – директор Викторија Арангелова Петровска

– ЈП за железничка инфраструктура Железници на РСМ – Скопје, директор Ирфан Асани

– НУ, Завод за заштита на споменици на културата и музеј Охрид – директор Елеонора Новаковска

– ЈУ Завод за рехабилитација „Бања Банско“- директор Стојанка Изова

– Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот – директор Вулнет Адеми

– АД за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија во државна сопственост – претседател на УО и директор Драган Миновски

– АД за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија во државна сопственост – член на УО и директор за развој на инвестиции Иван Трпески

– Управата за безбедност и контраразузнавање директор Горан Николовски и заменик директор Ариф Асани

– Агенција за млади и спорт -заменик директор Газменд Ристеми

– Управа за семе и саден материјал директор Хилми Гаши

– Управа за сигурност во железничкиот систем – в.д. директор Абдулкадир Исаки

– Служба за просторен информативен систем директор Иљами Исејни

– Дирекција за технолошки индустриски развојни зони – заменик директор Асип Усеини

– Биро за јавни набавки – директор Бардул Насуфи

– Управа за имотно правни односи Велес – директор Пандорка

– НУ Центар за култура Марко Цепенков – Прилеп – в.д. директор Менче Караџоска

– Царинарница Скопје –Златко Кофилоски

– Совет за унапредување и надзор на ревизијата на РСМ – претседател Премтим Исени

– АВРМ Велес – Трајче Бабунски

– Геронтолошки завод 13 Ноември Скопје – директор Салија Љатиф

– Управа за електронско здравство – в.д. директор Беким Хаљими

– Инспекциски совет – в.д. член на совет Горан Симоновски

– ЈП за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на РСМ – директор Шпенди Хајредин

– Центар за социјални работи Тетово – директор Дарко Обадиќ (препорака до министер за труд и социјална политика)

мч/ац/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close