0_Спорт.ПорталSport.SlajderРакомет

Познати можните противници на Пелистер и Бутел во ЕХФ-купот

Бутел за противник ќе го има победникот од дуелот од првото коло меѓу Запорожје и Лондон, додека Пелистер ќе игра со победникот од дуелот Беса и Винтертур.

Виена, 16 јули 2019 (МИА) – Екипите на Пелистер и на Бутел по денешната ждрепка во Виена ги дознаа своите можни противници во второто коло од ЕХФ-купот.

Бутел за противник ќе го има победникот од дуелот од првото коло меѓу Запорожје и Лондон, додека Пелистер ќе игра со победникот од дуелот Беса и Винтертур.

Првите дуели се играат на 6 или 7 октомври, додека реваншите се недела подоцна.

Северна Македонија има и трет претставник во второто по квалитет натпреварување во Европа, но Металург започнува од третото коло и противникот ќе биде познат на 15 октомври. вз

Таг
Back to top button
Close