0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Позната е комплетната програма за Културно-научните средби „10 дена Крушевска Република“ (КРГ)

Почит за големото Илинденско востание и 116-годишнината од Крушевската Република, повеќе манифестации и настап на изведувачи донесува целосната програма за  одржувањето на традиционалната манифестација, Научно-културните средби „10 дена Крушевска Република“.

Крушево, 16 јули 2019 (МИА) – Почит за големото Илинденско востание и 116-годишнината од Крушевската Република, повеќе манифестации и настап на изведувачи донесува целосната програма за  одржувањето на традиционалната манифестација, Научно-културните средби „10 дена Крушевска Република“.

Манифестациите почнуваат вечерта на 31 јули кога во Крушево, по 18 часот традиционално пристигнува Коњаницата пред столбот на Крушевската Република во центарот на Крушево.

Официјално манифестацијата почнува на 1-ви август. Во 10 часот ќе биде посетена Спомен-куќата на Смилевскиот конгрес во селото Смилево и ќе бидат положени свежи цвеќиња пред споменикот на Даме Груев. Од 13 часот на 1-ви август во Крушево е изложбата на влашки носии, а од 18 часот е доаѓањето на Коњаницата која се движи кон Гумење кај Крушево, предводена од воениот оркестар при Армијата на Република Северна Македонија. До 20:30 часот на 1-ви август ќе бидат положени цвеќиња пред бистата на Веле Марков, на гробот на Питу Гули и на гробот на Тоше Проески на гробиштата на Гумење, пред споменикот на Партизанските гробишта, како и во средината на криптата на илинденските востаници.

Потоа е официјалното отворање на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ на Гумење. На отворањето ќе се обрати претседателот на Манифестацијата, крушевскиот градоначалник Томе Христоски, а на истакнати институции и поединци ќе им се доделат плакети. Ќе биде подигнато знамето на Крушевската Република, ќе настапат Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ, а отворањето на манифестацијата ќе биде означен со импровизираното пукање од крушевското топче и со огномет.

На 2-ри август, на Илинден, ќе бидат положени свежи цвеќиња и почит ќе им биде оддадена на претседателот на Крушевската Република, Никола Карев пред неговиот гроб во споменикот „Македониум“ на Гумење, на паднатите илинденски борци кај месноста Слива и ќе се одржи панихида за илинденците во црквата „Свети Никола“ во центарот на Крушево. Од 12 часот е централното чествување на Мечкин Камен каде ќе се обрати претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев.

Манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ до 10 август продолжува со низа настани. Манифестација посветена на унгарската култура на 3-ти август, на 4-ти август е манифестацијата посветена на влашката култура, а на 5-ти август е концертот на тенорот Влатко Груески во спомен-куќата на Тодор Проески на Гумење. На 6 август е целовечерникот настап на Хорот „Злата Мегленска“ на градскиот плоштад во Крушево, „Никола Мартиноски“.

Во рамките на научно-културните средби ќе биде одржана театарска претстава на театарот „Провокација“, една за младите, а друга за повозрасните. На 8-ми август е настапот на културноуметнички друштва, а на 9-ти ќе има концњрт во крушевскиот градски парк.

Манифестацијата на 10 август ќе заврши со целовечерен концерт на Викторија Лоба, а потоа и со церемонијата на спуштањето на знамето на Крушевската Република на Гумење во Крушево. ем/сст/

Back to top button
Close