Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Пожар во предградие во западниот дел на Атика

Пожар во тревна област изби по 13 часот по локално време во Мегара, предградие во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а од грчката Противпожарна служба, соопштуваат дека во гаснењето учествуваат 51 пожарникар, 19 возила, членови на специјализираната противпожарна бригада, еден пешадиски тим и два хеликоптера, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 21 јули 2019 (МИА) – Пожар во тревна област изби по 13 часот по локално време во Мегара, предградие во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а од грчката Противпожарна служба, соопштуваат дека во гаснењето учествуваат 51 пожарникар, 19 возила, членови на специјализираната противпожарна бригада, еден пешадиски тим и два хеликоптера, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, пожарот е во близина на населено место и во околината има куќи.

Од Генералниот секретаријат за цивилна заштита соопштуваат дека генералниот секретар за цивилна заштита, Никос Хардаљас итно заминал во предградието каде што изби пожарот.

Мегара се наоѓа на околу 50 километри западно од центарот на Атина. ср/гт/

Таг
Back to top button
Close