СветСвет.Портал

Помпео: Мексико е еден од најважните партнери на САД

Мексико е еден од најважните партнери на Соединетите Американски Држави во зголемувањето на просперитетот и безбедноста на нашите земји и целиот регион, напиша на Твитер американскиот државен секретар Мајк Помпео, на крајот од неговата посета на земјата.

Мексико Сити, 22 јули 2019 (МИА) – Мексико е еден од најважните партнери на Соединетите Американски Држави во зголемувањето на просперитетот и безбедноста на нашите земји и целиот регион, напиша на Твитер американскиот државен секретар Мајк Помпео, на крајот од неговата посета на земјата.

Тој наведе дека САД и Мексико делат многу повеќе од граница и оти во разговорот со мексиканскиот министер за надворешни работи Марсел Ебрард биле потврдени демократските вредности и културните врски на двете земји.

Ебрард изјави дека Помпео го препознал „значителниот напредок во операциите на Мексико насочени кон намалување на приливот на мигранти во САД“, што е во согласност со договорот меѓу двете земји. јт/

Таг
Back to top button
Close