Општински вестиСкопје

Подигнати 40 метри кубни кабаст отпад во Општина Чаир

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје подигнаа и транспортираа  40 кубни метри кабаст отпад, во рамките на акцијата што се одвиваше од 16. до 19. месецов во општина Чаир.

Скопје, 20 јули 2019 (МИА) – Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје подигнаа и транспортираа  40 кубни метри кабаст отпад, во рамките на акцијата што се одвиваше од 16. до 19. месецов во општина Чаир.

На четири фреквентни локации во оваа скопска општина беа поставени специјални контејнери за собирање кабаст отпад,  во коишто граѓаните го исфрлаа стариот мебел, како и отпадот од електричната и електронската опрема.

ЈП „Комунална хигиена“ најави дека во претстојниот период ќе спроведе акции за собирање кабаст отпад и во останатите скопски општини.

Апелираат до граѓаните овој вид на отпад да го исфрлат во рамки на организираните акции, а во останатиот период од годината да ја користат можноста старите кревети, душеци, санитарии, фрижидери, тв-приемници, шпорети и останатите електрични и електронски уреди бесплатно да ги депонираат во центрите за селекција во Карпош и во Вардариште.

Според Законот за јавна чистота, кабастиот отпад не смее да се одлага на јавни површини. Нашата животна околина можеме да ја заштитиме само преку совесно и одговорно постапување со отпадот, укажува комуналното претпријатие.лв/

Back to top button
Close