Дописници МКДОпштински вести

Почна дистрибуција на решенија за данок на имот и комунална такса во Куманово

Општина Куманово, сектор за даноци и такси, денеска ги информираше граѓаните дека почна дистрибуцијата на решенија за данокот на имот и комунална такса, фирмарина за тековната година.

Куманово, 26 јули 2019 (МИА) – Општина Куманово, сектор за даноци и такси, денеска ги информираше граѓаните дека почна дистрибуцијата на решенија за данокот на имот и комунална такса, фирмарина за тековната година.

– Општина Куманово апелира до сите граѓани и фирми совесно и одговорно да се однесуваат кон законската обврска за плаќање на данок на имот и комунална такса-фирмарина, се наведува во соопштението на општината.

Оттаму ги повикуваат даночните обврзници правни и физички лица кои се сопственици на имот што се оданочува, корисници или плодоуживатели на имот, кои на својата адреса немаат добиено решение за данок на имот или решение за комунална такса-фирмарина за 2019 година да се обратат во просториите на Општина Куманово – Сектор за даноци и такси, во најбрз можен рок.

-Даночните обврзници (правни и физички лица) кои поседуваат имот што се оданочува, а кои нема да одговорат на оваа јавна покана, ќе се казнат со парична казна за сторените прекршоци согласно Законот за даноци на имот, се навдува во соопштенито на општина Куманово, сектор за даноци и такси. ам/ир

Таг
Back to top button
Close