СветСвет.Портал

Почина генералниот директор на МААЕ, Јукио Амано

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Јукио Амано денеска почина на 72-годишна возраст, соопшти прес службата на организацијата.

Виена, 22 јули 2019 МИА) – Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Јукио Амано денеска почина на 72-годишна возраст, соопшти прес службата на организацијата.

„Секретаријатот на МААЕ со жалење ја информира јавноста за смртта на генералниот директор Јукио Амано“, се наведува во соопштението.

Јукио Амано е роден в Југавара, во јапонската префектура Канагава, на 9 мај 1947 година. Завршил правен факултет на Токискиот универзитет, по што во 1972 година се вработил во Министерството за надворешни работи.

Негова специјализација биле разоружувањето и неширењето на нуклеарното оружје. Во 1973-1974 година го посетувал и Универзитетот во Франш-Конте, а во 1974-1975 година и Универзитетот во Ница.

Во јапонското МНР работел на различни високи позиции. Од 2005 година беше јапонски амбасадор во МААЕ, а на 1 декември 2009 година беше избран за генерален директор на МААЕ, организацијата која ја предводеше се до смртта. сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close