Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

По оставката на Харадинај, Самоопределување ја исклучува можноста за техничка влада

Пратеничката на опозициското Движење Самоопределување (ВВ), Албулена Хаџиу, по оставката на косовскиот премиер Рамуш Харадинај, побара Собранието веднаш да го одреди датумот за вонредните избори и ја исклучи можноста од формирање техничка влада, јави дописникот на МИА од Приштина.

Приштина, 20 јули 2019 (МИА) – Пратеничката на опозициското Движење Самоопределување (ВВ), Албулена Хаџиу, по оставката на косовскиот премиер Рамуш Харадинај, побара Собранието веднаш да го одреди датумот за вонредните избори и ја исклучи можноста од формирање техничка влада, јави дописникот на МИА од Приштина.

Хаџиу на својата страница на Фејсбук напиша дека ВВ не прифаќа да биде дел од било каква седница за доделување нов премиерски мандат и дека ќе присуствува единствено на седница на која ќе се одреди датумот на изборите.

Идејата за формирање техничка влада синоќа во изјава за медиумите ја отфрли и лидерот на ВВ, Албин Курти, кој исто така побара што поскоро одржување парламентарни избори.

Курти најави дека ВВ и Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), како опозиција и како најголеми политички партии во Косово, во наредните денови ќе ја продолжат комуникацијата и координацијата за одржување вонредни избори.

Харадинај вчера поднесе оставка од функцијата претседател на Владата поради повикот да се појави пред Специјалниот суд за воени злосторства во Косово, во својство на осомничен. На крајот на вчерашната владина седница, Харадинај изјави дека поднесува оставка, затоа што пред Судот во Хаг не сака да се појави како премиер, туку како граѓанин на Република Косово. иа/гт/

Таг
Back to top button
Close