Svet.SlajderСветСвет.Портал

Пентагон ќе испрати уште 2.100 војници на границата со Мексико

Американското Министерство за одбрана одобри испраќање на дополнителни 2.100 војници на границата на САД со Мексико.

Вашингтон, 18 јули 2019 (МИА) – Американското Министерство за одбрана одобри испраќање на дополнителни 2.100 војници на границата на САД со Мексико.

Како што пренесуваат светските агенции, од нив 1.100 се војници, а 1.000 членови на Националната гарда на Тексас.

Првите ќе обезбедуваат логистичка и административна поддршка и ќе вршат разузнавање во воздух. Вторите ќе и помогаат на Службата за царинска и гранична заштита во привремените центри за престој на мигранти во градовите Дона и Торнио.

Пентагон веќе има испратено на границата околу 2.500 војници и 2.000 членови на Националната гарда. паг/

 

Таг
Back to top button
Close