СветСвет.Портал

Папата Франциско загрижен поради хуманитарната криза во Сирија

Папата Франциско во писмото упатено до претседателот на Сирија, Башар ал Асад изрази загриженост поради хуманитарната ситуација во земјата и апелира на да се стави крај на осумгодишната војна

Ватикан, 22 јули 2019 (МИА) – Папата Франциско во писмото упатено до претседателот на Сирија, Башар ал Асад изрази загриженост поради хуманитарната ситуација во земјата и апелира на да се стави крај на осумгодишната војна.

Папата во писмото бара и безбедно враќање на милионите раселени лица, хумано постапување со политичките затвореници и продолжување на преговорите за политичкото решавање на конфликтот.

– Во срцето на оваа иницијатива е загриженоста на папата Франциско поради хуманитарната ситуација во Сирија, посебно во провинцијата Идлиб, изјави државниот секретар на Ватикан, кардинал Пјетро Паролин.

Асад, откако го доби писмото од папата, изјави дека е важно да се изврши притисок врз државите кои ги поддржуваат бунтовниците, кои сакаат да го соборат од власт. ми/

Таг
Back to top button
Close