Дописници МКДОпштински вести

Овој петок во Гостивар ќе се прска против комарци

Локалната самоуправа најави дека овој петок 12 јули ќе се спроведе првата првата терестичка дезинсекција на гостиварското подрачје за уништување на возрасните комарци и други штетни инсекти. Со информацијата, од општина Гостивар упатуваат апел до одгледувачите на пчели да преземат мерки за заштита и навремено да ги засолнат пчелите и да обезбедат потребна количина на вода за држење на пчелите затворени минимум 5-6 часа пчела по третманот на подрачјето.

Гостивар, 10 јули 2019 Гостивар (МИА) – Локалната самоуправа најави дека овој петок 12 јули ќе се спроведе првата првата терестичка дезинсекција на гостиварското подрачје за уништување на возрасните комарци и други штетни инсекти. Со информацијата, од општина Гостивар упатуваат апел до одгледувачите на пчели да преземат мерки за заштита и навремено да ги засолнат пчелите и да обезбедат потребна количина на вода за држење на пчелите затворени минимум 5-6 часа пчела по третманот на подрачјето.

Дезинфекцијата ќе се изведе навечер, по полноќ и ќе трае до раните утрински часови.

– Дезинсекцијата ќе се спроведе на повеќе локации: долж улицата „Живко Брајкоски” во градскиот парк од левата страна на Вардар, ул. “М.Ч. Филипоски” – Градски парк од десната страна на реката Вардар, околу болницата, ул. “ЈНА” до Здуњска раскрсница, коритото на реката Вардар во атарот на село Равен, каналот од Здуњска раскрсница па низ населбите Шеста зона, Малеарди. Ќе се прска и во населбите по улицата „Беличица“ до населба Фазанерија се до излезот на градот кон село Чајле и реката Јахорка во село Форино, наведуваат од општина Гостивар.

Во случај на неповолни временски услови, дожд или силен ветер, дезинсекцијата ќе се одложи за утредента или било кој друг ден со поволни временски услови. За дезинсекцијата ќе се употреби средството Aurodil во концентрација пропишана од производителот по упатство за употреба во однос 50 мл/5 л. Раствор. згм/сст/

Back to top button
Close