Дописници МКДОпштински вести

Јованоски: Лажната бомба не е поврзана со „Пивофест“

Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски денеска го  осуди синоќешниот случај со таканаречената лажна бомба која, како што рече, го уништува реномето на градот и на манифестацијата „Пивофест“ која има 17-годишна традиција .  - Досега е мирно на фестивалот и така очекувам да продолжи и ова со т.н „бомба“ не е поврзано со фестивалот. Очекувам МВР да ги преземе сите дејства,  рече  Јованоски на прес-конференција за одржувањето на „Пивофест“.

Прилеп, 20 јули 2019 (МИА) – Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски денеска го  осуди синоќешниот случај со таканаречената лажна бомба која, како што рече, го уништува реномето на градот и на манифестацијата „Пивофест“ која има 17-годишна традиција .  – Досега е мирно на фестивалот и така очекувам да продолжи и ова со т.н „бомба“ не е поврзано со фестивалот. Очекувам МВР да ги преземе сите дејства,  рече  Јованоски на прес-конференција за одржувањето на „Пивофест“.

– На синоќешната втора вечер на Фестивалот „Пивофест“ сите посетители од градот и од сите страни што дојдоа беше мирно и весело. Сите по завршувањето на програмата си заминаа задоволни. Си поминаа добро и покрај, така да речам, „расивувачите на забавата“ кои сакаа да ја уништат синоќешната вечер. Мислам дека не им успеа. Според информациите од полициската станица била поставена пластична, лажна бомба. Вечерта помина добро, без неспокојство помеѓу посетителите, и покрај желбата на некого да го расипе сето тоа, рече Јовановски.

Упатувам апел, дополни, до „несовесните“ да не го прават ова, зашто е на штета на сите, на обичните граѓани кои цела година го чекаат „Пивофест“. Тоа е на штета на имиџот на градот, на граѓаните, на државата, на големата традиционална манифестација. Изразувам благодарност до МВР што веднаш реагираше. Мило ми е што вечерта заврши мирно, без проблеми, всушност и немаше инциденти досега. Се надевам и очекувам наредните два фестиваски дена ќе поминат како досега, мирно, весело и во добра атмосфера. И оваа вечер треба да помине весело, пред се, со македонска музика и никому нема да дозволиме да ни го наруши тоа. Сите го доживуваме ова како свое, а не како туѓо па некој да го расипе, изјави Јованоски.

Според Јованоски, индиции нема, ова се поединечни случаи, не се поврзани со „Пивофест“

– Тие сакаат индиректно да ја расипат пивофестовската забава. Тие меѓусебни, поединечни пресметки што се прават, го уриваат имиџот на градот и на манифестацијата,  оцени Јованоски.ем/лв/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close