0_Магазин.ПорталНаука и технологија

Откриено „езеро од лава“ кај Антарктикот (видео)

Научници од колеџ во Лондон и Британската антарктичка асоцијација со сателит откриле „езеро од лава“ на остров на крајниот исток на Антарктикот

Лондон, 10 јули 2019 (МИА) – Научници од колеџ во Лондон и Британската антарктичка асоцијација со помош на сателит откриле „езеро од лава“ на Саундер – остров што се наоѓа на крајниот исток на Антарктикот.

Езерото е едно од осумте од ојот вид што досега се откриени на Земјата. Се претпоставува дека температурата на лавата тука е меѓу 989 и 1.279 Целзиусови степени.

Според стручните лица, островот и вулканската планина на него се многу тешко достапни, па без сателитски снимки со висока резолуција, е скоро невозможно да се дознае нешто повеќе за овој природен феномен.

Еден од следните планови вклучува и прелет со авион или дрон над вулканот, за да може да се сними езерото. Тој потфат ќе биде сложен и, за да се реализира, веројатно ќе минат години. си/сд/

Таг
Back to top button
Close