0_Магазин.ПорталНаука и технологија

Откриена желка што свети во мракот

Околу Соломонските Острови, поморски биолози открија нов вид желки кои светат в мрак и има необична способност за биофлуоресценција, односно емитува светло во различни бои, како на пример, зелена и црвена.

Хонијара, 22 јули 2019 (МИА) – Околу Соломонските Острови, поморски биолози открија нов вид желки кои светат в мрак и имаат необична способност за биофлуоресценција, односно емитуваат светло во различни бои, како на пример, зелена и црвена.

Биофлоуресценцијата почна да се проучува само пред десетина година, а ова откритие е прво од ваков вид, истакнуваат научниците. Засега не се знае со сигурност зошто желките го имаат ова својство, но познато е дека други видови животни тоа го користат за меѓусебна комуникација и за камуфлажа, наведува „Соломон тајмс“.

Поморскиот биолог Александер Гаос вели дека коралите често имаат биофлуоресценција, па можно е желките да ја развиле оваа способност и за да се вклопат во околината.

Нареден чекор во проучувањето на другите нивни способности, е функцијата на очите на желките и дали со нив тие ја гледаат флуоресценцијата што другите ја емитуваат. Тимот биолози, исто така, ќе ја проучуваат и хемиската реакција во самата желка при произведувањето на таа светлина.

Ова уникатно откритие би можло да води кон откривања на други слични животни со непознати способности. си/сд/

Таг
Back to top button
Close