СветСвет.Портал

Осуммина загинати во експлозија во рудник за јаглен во југозападен Пакистан

Осум рудари загинаа по експлозија во рудник за јаглен во југозападниот дел на Пакистан, објави денеска официјален претставник на рудникот, јави ДПА.

Исламабад, 16 јули 2019 (МИА) – Осум рудари загинаа по експлозија во рудник за јаглен во југозападниот дел на Пакистан, објави денеска официјален претставник на рудникот, јави ДПА.

Инцидентот се случил доцна во неделата, на околу 60 километри од главниот град на провинцијата Балочистан, Квета, кога експлозијата заробила 10 рудари на повеќе од 4.000 метри под површината.

-Ние ги пронајдовме телата на осуммина рудари и спасивме уште двајца, рече Держаг Бути, портпарол на провинцискиот комитет за управување со катастрофи.

Причината за експлозијата сè уште не е позната.

-На властите им беа потребни повеќе од 50 часа за да ја комплетираат целата операција на спасување, изјави Султан Мохамад, генерален секретар на Пакистанската Централна рударска федерација за труд.

Лошите работни услови во рудниците за јаглен во богатиот со минерали Балочистан, редовно го доведуваат во прашање животот на рударите, но несреќите често не се пријавуваат.

Мохамад соопшти дека околу 150.000 луѓе работат во рударската индустрија во Пакистан, а секоја година во несреќи загинуваат повеќе од 100 рудари.

Тој рече само годинава веќе има 90 загинати рудари, додека во 2018 година биле повеќе од 160, а уште 300 биле повредени, јави ДПА.сд/

 

Back to top button
Close