Дописници МКДОпштински вести

Општина Куманово досега собрала над 93 милиони денари врз основа на даноци за 2019 година

Над 93 милиони денари собрала Општина Куманово врз основа на даноци од почетокот на годинава досега, соопштија надлежните од секторот за даноци. Вкупно врз основа на данок на промет на недвижности, данок на имот, на наследство, комунална такса и други собрани се 93 милиони 245 илјади и 708 денари, информира денеска овластениот раководител на секторот за даноци Ненад Стојановски.

Куманово, 31 јули 2019 (МИА) – Над 93 милиони денари собрала Општина Куманово врз основа на даноци од почетокот на годинава досега, соопштија надлежните од секторот за даноци. Вкупно врз основа на данок на промет на недвижности, данок на имот, на наследство, комунална такса и други собрани се 93 милиони 245 илјади и 708 денари, информира денеска овластениот раководител на секторот за даноци Ненад Стојановски.

Од данок на промет на недвижности, физичките лица од Куманово платиле над 27, правните над седум милиони денари. Комунална такса или фирмарина над девет милиони денари платиле фирмите, а 526.000 денари трговците поединци. Правните уплатиле над 3,7 милиони по основ на данок на наследство или подарок , нешто помалку од оваа сума, физичките лица.

Од секторот за даноци информираат дека физичките и правните лица по основ на данок на имот платиле над 44 милиони денари.

-Годинава, решенијата се дистрибуирани по Македонска пошта. Ги поканувам правните и физичките лица кои не добиле решение да се обратат во просториите на општината, конкретно во секторот за даноци да им издадеме решение. Мора да напоменам дека токму со плаќањето на даноците, се полни општинската каса се собираат средства кои потоа се вложуваат во инфраструктура, улици, водовод, канализација. Апелирам даноците да се плаќаат навреме, повика Стоајновски.

Од секторот појаснија дека одредени даноци можат да се платат и на рати.ам/ир

Таг
Back to top button
Close